СОВРЕМЕНОСТ

Списание за литература, култура и уметност 

Традицијата на литературните списанија е длабоко вкоренета во тековите и изградбата на македонската повоена литература, каде особено место зазема списанието за литература, култура и уметност „Современост“. Ова најстаро македонско книжевно списание уште од своите зачетоци засведочува за сите издадености и вдлабнатини, сите пречки и нерамнини на патот кој литературата го минувала за да се изгради во она што е денес.

Со сите свои редакции, а особено, со сите свои многубројни соработници од различни профили и сфери на културното, уметничкото и општественото делување, ова списание оставило и остава неизбришлива трага во книжевната, но и културно-општествената динамика.

Најдиректен увид во развојот на списанието, како оние кои професионално се занимаваат со историјата на литературата и книжевната наука, така и сите заинтересирани, би можеле да здобијат преку директен контакт со броевите на „Современост“ објавувани децении наназад, сѐ до денешен ден.

За таа цел, редакцијата предводена од главниот и одговорен уредник го изготви проектот Дигитализација на старите броеви на „Современост“, во рамки на кој беа скенирани голем број постари изданија на списанието, почнувајќи од 50-те години на минатиот век.

Скенираните броеви на списанието „Современост“ се достапни на следниов линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *