СОВРЕМЕНОСТ

Списание за литература, култура и уметност 

Денес излезе од печат вториот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2022 година.

Вториот број опфаќа 50 прилози на 254 страници вклучувајќи: интервју, 9 прилози проза, 11 прилози поезија, драмски текст, 5 приопштувања, 8 интерпретации, 10 вреднувања, афоризми, како и 4 текста вклучени во нова рубрика на автори од најновата генерација – ѕвезди и протези.

Бројот е отворен со интервју со Славчо Ковилоски, добитник на наградата за книжевен опус „Современост“, кој предупредува на необјективниот и навивачки однос кој за жал преовладува во составувањето на одредени избори на македонската литература од најновите генерации, потоа следи избор проза од Гордана Каракашевска, Марија Ралповска, Даниела Андоновска – Трајковска, Сузана Камберова и други. Поетите Стефан Марковски, Љубинка Донева, Јосип Коцев, Владо Поповски, Ива Дамјановски, Марина Икономова Шокева и други се застапени со поезија.

Во бројот е застапена и драмата „Bad Carma“ од Стефан Марковски, а во рубриките со преводи и есеи/анализи застапени се прилози од: Росен Друмев, Роза Бојанова, Иван Сухиванов, Катарина Фиаменго, Енеида Мјептри, Васил Дрвошанов, Сузи Тенева, Мишо Китаноски, Ана Витанова – Рингачева, како и есеисти од помладата генерацијa: Марија Цветкоска, Кристијан Стефановски, Анамарија Милошевска и Мила Пешевска.

Во делот Вреднувања се вклучени 10 прилози од повеќе македонски книжевници, меѓу кои: Никола Алтиев, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски, Филип Клетников, Славчо Ковилоски, Бобан Ристевски, Снежана Стојчевска, Трајче Бјадов и Љупка Евроска.

Новитет е рубриката Ѕвезди и протези посветена на најновата генерација македонски автори, каде беа вклучени текстови од: Софија Тодороска, Светла Јакшиќ, Емануаела Ковачевска Китановска и Пепи Стамков.

Крајот е отстапен за афоризмите на Љубинка Донева. Илустрациите во вториот број за 2022 година се дело на младата сликарка Аница Китаноска, а изданието може да се најде во книжарниците низ Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *