СОВРЕМЕНОСТ

Списание за литература, култура и уметност 

Современост
списание за литература, култура и уметност
Современост
списание за литература, култура и уметност
Previous slide
Next slide

Излезе од печат третиот број

На списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година.

Третиот број опфаќа 28 статии на 134 страници, вклучувајќи: 7 прилози проза, 6 прилози поезија, 4 интерпретации, 3 приопштувања и 8 вреднувања.
Бројот е отворен со прозен прилог од Стефан Марковски и прилози од Филип Јовановски, Оливера Христовска, Наталија Наумовска, Горан Петревски, Иван Стојановски и Љубица Трајкоска.
Со поетски творби се застапени авторите: Ристо Маџунков, Лиле Стефановска, Милчо Мисоски, Рената Јосифовска, Елена Андоноска и Цветанка Невчева …

Историјата на „Современост“ е во тесна врска со остварувањата на некои од стожерните македонски литерати, а денес неговото постоење е симбол на творечкиот континуитет, но и разногласје на современото книжевно-уметничко творештво.
Истовремено, на неговите страници се наоѓаат и бројни книжевни прилози од светски значајни творечки имиња од сите генерации.

Неговото создавање во 1951 година како директен наследник на првото македонско списание за уметност, наука и општествени прашања „Нов ден“. Пред содржинскиот дел во сите броеви од тој период вклучен е и Издавачки совет чии членови биле: Ацо Шопов, Миодраг Друговац, Ташко Ширилов, Јован Котески…