Правила за обликување на текстовите кои се објавуваат во списанието „Современост“
Трудовите кои се доставуваат за објавување во списанието „Современост“ треба да бидат уредени како што следува:
- Трудовите, најмногу до еден авторски табак (16 страни), да бидат напишани на македонски јазик. (По исклучок, Редакцијата може да прифати и преведе труд на друг јазик, по претходен договор со авторот);
- во MS Word, А4 формат (21×29,5 цм), фонт Times New Roman (кирилична поддршка), големина 12 точки, со единечен проред;
- името и презимето на авторот (без титула), да стојат во горниот лев агол, во Италик. Презимето на авторот да биде со големи букви.
- насловот на трудот да биде со големи букви, Болдиран, големина 12 и порамнет централно.
- доколку трудот претставува Рецензија или Критички осврт на друго дело, во поднаслов да стои: името и презимето на авторот, чие дело се рецензира, насловот на делото, издавачот, градот и годината на издавање (по овој редослед).
- текстот, освен насловот, да биде justified.
- авторите се должни да внимаваат на техничката и јазична исправност на нивните текстови, правилната употреба на интерпункциски знаци, празни места во текстот и слично.
- Редакцијата го задржува правото, трудовите кои нема да бидат уредени на овој начин, да не ги објавува.
- Материјалите можат да се испраќаат по пошта на адреса: Списание „Современост“, ул. Франклин Рузвелт бр. 8, Скопје, пош. Фах 221; или на e-mail: mksovremenost@gmail.com.
- Ракописите не се рецензираат и не се хонорираат.
- Ракописите (како и фотографии и друг пропратен материјал, доколку има) не се враќаат.
- Ракописите се лекторираат.
- Редакцијата ги објавува трудовите според утврдени критериуми и во однапред утврдени рубрики.
- Редакцијата го задржува правото, да не ги објави трудовите, доколку смета дека, истите, не ги задоволуваат потребните квалитети или доколку не се во согласност со концепцијата на бројот и на списанието.