Дипломирал на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет
и Институтот за филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а
магистрирал Сценарио за филм и ТВ на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Марковски е добитник на повеќе домашни и меѓународни литературни награди и
признанија.
Учествувал на повеќе фестивали и неколку литературни резиденции.
Романи, поезија и раскази вклучени во неговиот опус се објавени на повеќе јазици.
Зборува и преведува од и на англиски, како и од повеќето балкански словенски
јазици на македонски.
СТЕФАН МАРКОВСКИ 1990
главен и одговорен уредник
Главен уредник е на најстарото македонско книжевно списание „Современост“ со
седиште во Скопје, и е уредник на ревијата во издание на ДПМ „Стожер“, како и поетските
збирки „Метрички карван“. Бил уредник/издавач на повеќе книги од современи македонски
автори, преведувач, а бил основач и повеќегодишен главен уредник на порталот за
култура и уметност zenica.mk.
Марковски е член на Друштвото на писателите на Македонија, македонскиот центар
на Интернационалниот театарски институт, ЗНМ, европската платформа „Версополис“ и
други меѓународни организации.
Англиските изданија на неговите роми „Анатомија на бумбарот“ (анг. The Bumblebee
Anatomy) и „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ (Letters of Heresy:
Uncovering the Skies Shining in Red) од Стефан Марковски, потоа збирката раскази „Фауст
го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle) и поетскиот избор „Ветена
земја“ (Promised Land) се достапни и активно купувани на некои од најголемите книжевни
платформи со книжарници ширум светот, од типот на Barnes and Noble, Baker and Taylor,
Amazon, Tolino, Apple Books, Indigo, Mondadori, Weltbild, Booktopia, Vivlio и други, а романот
„Анатомија на бумбарот“ ја достигнал и првата позиција во категоријата Источноевропска
литература во Киндл продавницата на „Амазон“.
Дипломирала на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Во 2012 година ја објавува првата поетска книга Шеќер по подот, како дел од едицијата
Русалки, во која се јавува како уредник. Под нулата е нејзино второ дело, за кое ја добива
наградата „Бели мугри“ за 2013 година, која ја доделува Домот на културата Кочо Рацин –
Скопје. Во 2015 година ја објави третата поетска книга Модри фантазии во издание на
издавачката куќа Темплум. Нејзината четврта книга, Треба да е лесно, излезе во мај 2017
година во издание на издавачката куќа Антолог.
Снежана Стојчевска 1980
извршна уредничка
Во октомври 2019 година ја промовираше
својата петта поетска книга Ќе се завијам во песни, посветена на и во ко-авторство со
нејзиниот татко Мирче Стојчевски, во издание на МИ-АН. Застапена е во повеќе антологии,
панорами и зборници на младата македонска поезија.
Во 2016 година настапува на XV меѓународна книжевна средба во Велење,
Словенија, каде што е објавена во антологија на словенечки јазик во „Фестивална
антологија на изворна и преведена европска поезија на 21 век“. Истата година
учествуваше на настанот “Ad hoc” во Труберјева хиша литературе во Љубљана. Во 2018
година беше учесник на Третите меѓународни книжевни средби во Бања Лука и беше
објавена на српски јазик во зборникот „Поетики“. Во ноември 2019 година учествуваше на
фестивалот за литература за деца и возрасни InterLese во Магдебург, Германија и за таа
пригода избор од нејзина поезија е преведен на германски јазик, а потоа и објавена во
книжевното списание Oda (1/2020). Во март годинава беше една од учесничките на првиот
Фестивал на женското книжевно творештво – „ОНЕ“ во Беране, Црна Гора. Покрај овие
настапи, таа е редовен учесник на најзначајните поетски манифестации во земјава.
Од почетокот на 2018 година е ангажирана како извршен уредник на списанието за
литература, култура и уметност „Современост“. Истата година станува дел од Версополис
платформа за поети и фестивали. Во 2019 се јавува како приредувач и уредник на арт
панорамата – Допир во издание на Арт Еквилибриум Гевгелија.
Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) e македонски поет, прозаист, книжевен историчар и културолог, научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со свои дела е застапен во повеќе списанија во Македонија и во странство, како и во повеќе антологиски избори на поезија и проза. Има преведувано дела од хрватски, бугарски и српски јазик на македонски јазик.Делови од неговото творештво, како и романите „Опасен сум“ и „Синот на Кралот“ и збирката „Лоша тетка и други раскази“ се преведени на неколку европски јазици. Објавувал прилози на страниците на дневните весници Нова Македонија и Време.
Бил главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и е актуелен главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“.
Славчо Ковилоски 1978
уредник
Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), Хрватското книжевно друштво, на Здружението на историчарите на Република Македонија (ЗИРМ) и на Друштвото за наука, култура и уметност од Прилеп. Во 2009 г. бил уредник на издавачката програма на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Во 2017 година бил уредник во издавачката дејност за историски изданија на издавачката куќа Магор. Бил претседател на уредувачкиот одбор на зборникот XXI век: Балканскиот писател (2015) и еден од уредниците на зборникот Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски (2016).
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: награда за наука „3 ноември“, „Григор Прличев“ за поема, „Прозни мајстори“ и „Јован Котески“.
Во 2018 година ја добил најголемата државна награда „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување од интерес на Република Македонија од областа на науката, за монографијата „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“.
Новинар, раскажувач, публицист, поет и автор на телевизиски сценарија.
Роден е во 1941 година во Вевчани. Основно и средно образование завршил во Кавадарци, а виша школа и факултет во Скопје.
Китаноски е новинар и бил уредник и главен и одговорен уредник на повеќе весници и списанија.
Милутин Китаноски 1941
уредник
Ги објавил книгите „Сите деца се исти“ и „Џамлии и лифтови“ (песни за деца), „Потпис: Сандра“ (поезија за возрасни), „Летописи за македонските села“ (приказни и рецензии) и „Прстен и парфем“ (збирка раскази), како и публицистичните изданија: „Бела книга – црно писмо: македонски индекс на забранети дела“, „Пиринска историска вистина“ и „Децата бегалци од Егејска Македонија во Југославија“, а приредил и неколку зборници.
Негови прилози се застапени во буквари, читанки, прирачници и антологии, а неговите дела се преведувани на: англиски, руски, бугарски, романски, албански, словенечки, српски и на други јазици. Според негови сценарија се снимени и емитувани повеќе од десет ТВ-документарни филмови.
Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на Катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности од каде продолжи и втор циклус студии по Македонска книжевност.
Првите стихови започнала да ги пишува во детството, а во 2009 година ја објавила првата стихозбирка за деца: „Стихови од срцето на природата“. Романот „Дневникот на длабоките тајни“ е нејзино прво прозно дело (2017), потоа следува романот „Равенка на стравот“ (2021), а во 2022 година беше објавена и нејзината стихозбирка „Тајнописец“.
Верица Мукоска 1999
уреднчка
Автор е и на дело од областа на книжевната наука и теорија.
Управител е на невладина организација „Креатив Тим 22“.
Пишува есеи, раскази, статии, текстови за музички песни и трудови. Соработува и со литературни агенции од европските земји и преведува дела од јужнословенските јазици и од англиски јазик на македонски јазик.
Била ангажирана како практикант во МРТ – Скопје.
Активно соработува со Катедрата за Македонска книжевност и култура каде одржува вежби по неколку предмети како демонстратор.
Работи и како наставник по македонски јазик и литература во Струга.
Соработува со македонски издавачи, пишува рецензии и промовира книги од македонски и странски писатели.
Нејзини песни се објавувани и преведувани во македонската и странската книжевна периодика.
Поет, раскажувач, книжевен критичар, есеист, преведувач и фолклорист роден во Велес, Македонија. Основно, гимназија и Филолошки факултет, група книженост, завршува со Скопје. Работел како професор по литература и како раководител на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
Бил главен уредник на списанието „Библиотечен спектар“, член на редакцијата на „Библиотекарска искра“, и повеќегодишен уредник на списанијата „Современост“ и „Велес“.
Со пишување поезија започнува уште во 1970 година.
Поезија раскази, критички осврти од областа на литературата има објавувањето во списанијата „Современост“, „Велес“, „Бранувања“, „Културен живот“, „Стремеж“, „Просвета“, „Просветен работник“, „Трудбеник“, „Литературен збор“, Развигор“, „Незаборав,“ „Нова Македонија“, „Тренд“, „Ние“ (електронско списание), „Библиотечен спектар“, „Ирин Пирин“ од Мелник, (Бугарија) „Новия пулс“ од Софија, (Бугарија), „Литературен свет“ (електронско сп.) (Софија, Бугарија), „Градина“ од Ниш (Србија), „Књижевне новине“ од Белград (Србија), „Могуćности“ од Сплит (Хрватска), „Книžевна Ријека“ од Риека (Хрватска), „Књижевно перо“ од Риека (Хрватска), „Коло“ од Загреб (Хрватска), „Kwartelnik Artustuezny“ од Бидгошч (Полска) и други. Во повеќе списанија и периодични публикации објавува препеви и преводи од бугарски, хрватски и српски јазик. Од хрватски на македонски јазик ги има преведено: романот „Серениева енигма“ од познатиот хрватски писател Ерние Гиганте Драшковиќ (Феникс, 2009), еден е од препејувачите и преведувачите од бугарски на македонски јазик на „Антологијата на бугарската поезија“ (Современост, 2008), и еден од преведувачите од хрватски на македонски јазик на книгата „Македонско – хрватски книжевни и културни врски“ (2009). Неговата поезија е преведувана на бугарски, хрватски, српски, полски јазик.
Никола Алтиев 1942
уредник
Со критички осврти или поезија освен во периодичните публикации застапен е во повеќе книги, зборници и антологии, меѓу кои и во: „Семето на плодот“ од Владислава Спироска, (Скопје, 2004); Трајните вредности на виделина од Васил Тоциновски (Современост, Скопје, 2008); „Мост на ѕуница“ од Васил Тоциновски (Хрватско книжевно друштво-Риека; Академски печат- Скопје, 2011); „Критики за Радован П. Цветковски“ (Матица македонска, Скопје, 2011); ); „Два брега“ уредник: Васил Тоциновски, (Академски печат, Скопје, 2015); Лов на елени од Васил Тоциновски (заједница Македонаца у Ријеци Хрватској, Загреб, 2015); „Промоции“ од Ранко Младеноски (Академски печат, Скопје, 2016); „Град со душа“ од Васил Тоциновски, (Академски печат, Скопје, 2016); ); „Метрички карван“, уредници: Дамјан Ѓуров, Стефан Марковски, (Библиотека Гоце Делчев- Гевгелија, Гевгелија, 2016); Александар 3-ти Македонски од Ранко Младеноски (2016); „Златен меч на времето“, уредник: Васил Тоциновски, (Академски печат, Скопје, 2017); Златоусно слово од Васил Тоциновски, (Битолски книжевен круг, Битола, 2018); Ден судбоносен 26 јули 1963 (Антологија-приредиле: Свето Стаменов, Васил Тоциновски, Искра Чоловиќ, Скопје, 2018); Недореченост, проклета да си (Антологија- приредиле: Свето Атаменов, Искра Чоловиќ ( Скопје, 2018) и др. Има добиено повеќе награди: КПЗ на Македонија, КПЗ на Скопје, Библиотеката Браќа Миладиновци – Скопје, НУБ Климент Охридски- Скопје, награда за поезија на манифестацијата „Гоцеви Денови“ во Делчево. Досега ги има објавено: – Стихозбирките: „Гората Лавовија“, „Ѕвездеење“, „Три јунаци правда делат“, „Незбогување“, „Јужнобол“, „Вечнопис“, „Таа“, „Македон“, „Неумир“, „Чудна дружба“, „Непокор“, „Гоцевина“, „Брегови“, „Глас несопир“, „Мостови“, „Младеење“ и „Софи“ – Збирки раскази: „Средба“, Нико“, „Тука сме“ и „Говор на животот“
– Критики: „Слово за книгите“ и „Одговорност пред зборот“ – Фолклористика: „Македонијо земјо родена“ и „Крај Вардара високи чукари“ – Монографии: „Градска библиотека Браќа Миладиновци-70 години“ (2015), „Водич низ библиотеката Браќа Миладиновци- Скопје (2000)“ – Библиографиит: „Илинден“ (анотирана библиографија, 1989), „Илинден и Илинденците во македонската уметничка литература“ (анотирана, 1989), „Библиотекарството на страниците во в. Трибина 1946- 1998“, (1998), „Библиотеката Браќа Миладиновци – Скопје во библиотечните публикации во Македонија“ (2001) и др.